Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Креативност меѓу редови

Вторник, 14 Јули 2015 18:16

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста „Доминиум културно јадро“ ја започнуваат својата соработка преку проект наречен „Креативност меѓу редови“.

Во серијата од четири работилници, преку кои ќе се реализираат активностите на проектот, низ процесот на осознавање на глаголицата како автохтона културна креација, на учесниците им се доближува вештината на пишувањето како креативен процес за изразување и комуникација. Учесниците се запознаваат и со стандардите за обработка на литературен текст, во контекст на издавачката дејност. Тие учествуваат и изработката на финалниот производ - книгата, преку рачно формирање на целини (влогови) и подврзување.

Работилниците се состојат од теоретски и практичен дел, преку кои, учесниците ќе имаат можност новостекнатите информации и знаења од теоретскиот дел да ги применат во сопствена креација, односно аналитички и апликативно да ја третираат темата на секоја од работилниците. Предвидено е резултатите од секоја работилница да бидат последователно поврзани: буква/симбол → порака/текст → текст обликуван за издавање → „влог“ на книга, составен од индивидуалните удели на сите учесници во една целна група.

Програмите ќе бидат подготвени и реализирани од предавачи, со долгогодишно професионално искуство во горенаведените области, а се наменети за ученици, студенти, корисници на библиотеката, но и за сите заинтересирани граѓани. Содржината и материјалите на секоја работилница се приспособени на целната група, односно на возраста и интересот на учесниците.

Завршната презентација од проектот ќе биде со еден заеднички настан, на кој сите учесници преку изработеното дело - книга ќе ги презентираат стекнатите знаења и вештини поврзани со симболиката на глаголицата на начин применлив за понатамошно комерцијално уметничко творештво.

Пријавувањето за учество на работилниците се врши со испраќање на пополнетиот формулар.

Превземи формулар

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846