Прес

Книжевна средба со поети од Хрватска во НУБ

Петок, 03 Јули 2015 12:47

Со задоволство Ве информираме дека во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи книжевно претставување на Хрватското книжевно друштво од Риека, на 6 јули (понеделник) 2015 г. во 12:00 ч.

Воведен збор ќе има д-р Иван К. Заров, директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а проф. д-р Васил Тоциновски ќе ги претстави поетите Анѓелка Корчуланиќ од Сплит, Валерио Орлиќ од Риека, Срѓан Духовиќ од Корчула и Анте Грегов од Задар. Истовремено ќе биде претставeна и публикацијата/антологијата „Од еден до друг брег“ (Od jedne do druge obale) во која се застапени дела од овие и други автори од Хрватска преведени на македонски јазик, како и дела од автори од Македонија преведени на хрватски јазик. Антологијата е во издание на Хрватското книжевно друштво – Риека и издавачката куќа „Бран“ од Струга. Гостите од Хрватска ќе прочитаат свои дела во оригинал по избор, а преводот ќе го чита македонската поетеса Марина Мијаковска.

Со овој настан продолжуваат и се зацврстуваат македонско-хрватските културни релации и се воспоставува идна поширока меѓународна соработка која ќе овозможи следни договори за нови претставувања и издавање публикации.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846