Прес

Македонија на Европската конференција на националните библиотеки

Петок, 22 Мај 2015 11:37

ЦЕНЛ парламентВо Берн, во зградата на швајцарскиот парламент, во организација на Швајцарската национална библиотека, на 18 и 19 мај се одржа 29-та Конференција на националните библиотеки од Европа - CENL (Conference of European National Libraries). Република Македонија беше претставена од директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, д-р Иван К. Заров.

На конференцијата беше избран нов претседател на бордот на CENL. Досегашниот претседател г. Бруно Расин, директор на Француската национална библиотека, го отстапи местото на новоизбраниот претседател на CENL, г. Роли Китинг, актуелен директор на Британската библиотека, со мандат да ја води CENL во следните четири години.

На конференцијата се разгледуваа стратешките приоритети за развој на CENL за периодот од 2015-2018, модалитетите на ажурирање и имплементирање на процесот на дигитализација, регулирањето на прекуграничните авторски права, соработката со федерацијата на европски издавачи, меѓународниот стандарден идентификатор на имиња (ISNI), како и поддршката за прераснување на Европската Библиотека (The European Library) во доминантен дигитален сервис што перманентно би се ажурирал со податоци од сите европски библиотеки и би бил достапен за огромен меѓународен аудиториум.


Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846