Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје победник на КулТИП 2014

Понеделник, 27 Октомври 2014 13:10

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) ја добија првата награда на конкурсот „КулТИП 2014“, организиран од Британскиот совет во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ), за иновативни решенија и воведување на нови дигитални технологии во културните институции. Наградата беше доделена за заедничкиот проект на НУБ „Св. Климент Охридски“ и на МАСИТ - „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“.

На 16.10.2014 во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет беа презентирани шесте финалисти за наградата „КулТИП 2014“. Конкурсот имаше за цел да се имплементираат нови технологии и иновативни решенија во културните институции во функција на подобрување на услугата и олеснување во работата. „КулТИП 2014“ е насочен кон создавање платформа за соработка меѓу културниот, образовниот и деловниот сектор, за развој на креативните индустрии, со посебен фокус на информатичките технологии и дизајнот и ја поддржува националната програма за иновации.

По презентацијата беше објавена одлуката на комисијата дека првата награда, која се состои од грант во вредност од 120.000,00 денари и стручна поддршка за изработка на избраното решение, им се доделува на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и на МАСИТ за проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“. Средствата ќе се искористат наменски за презентација на аудио плеерот и за негова популаризација. Финалното информатичко решение за плеерот ќе биде изработено од ФИНКИ и нивниот Социјален иновативен центар, а кодот ќе биде јавно достапен преку корисничката сметка на библиотеката на GitHub.

Аудио плеерот ќе биде интегриран во Дигиталната библиотека на Македонија (dlib.mk) и ќе служи за стриминг на аудио книги од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846