Прес

Славење на Кинеска нова година во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје

Среда, 05 Февруари 2014 10:27

Со кинеска музика, традиционална храна и таи чи чуан во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” Скопје беше одбележана кинеската Нова година, која календарски пристигнува на 31 јануари. Настанот го организираше Институтот “Конфуциј” при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје, кој од септември 2013 кои им се придружи на комплексот едукативни центри како Германската читална и Американското катче.

Според кинескиот Лунарен календар 2014та е година на коњот а тоа значи одење напред, брзина и сила. Кинеската Нова година или Почетокот на пролетта е најголемиот традиционален празник во Кина со кој се означува првиот ден од кинескиот лунарен календар.

Големо внимание на настанот предизвика презентацијата на традиционалниот кинески систем за вежбање таи чи чуан како и традиционалните и свежо приготвени кинески специјалитети кои се служат за преминот од старата во новата година.

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846