Прес

Свети Климент Охридски - инспирација во ликовното творештво

Четврток, 05 Декември 2013 12:52

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на 6-ти декември 2013 година (петок), со почеток во 11 часот, ќе се одржи Седмата научна средба „Свети Климент Охридски - инспирација во ликовното творештво“.

Координатор на научната средба е академскиот сликар Александар Станковски, а научни и стручни излагања ќе имаат: академскиот сликар Коле Манев, академскиот сликар проф. м-р Владимир Георгиевски, проф. д-р Анета Серафимова, д-р Сашо Цветковски и академскиот сликар Александар Станковски.

Поздравно обраќање до присутните и учесниците на научната средба ќе има директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, господин Миле Бошески.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846