Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Отвореноста и прашањето во дијалогот

Вторник, 07 Мај 2013 15:20

Работилница со студентите од Катедрата по германски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје
на тема „Отвореноста и прашањето во дијалогот“ 
со д-р Силвана Балнат

во организација на Гете-Институт Канцеларија за врски, Скопје
и Катедрата по германски јазик и книженост, Скопје

Место и датум: Германска читалница, при НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, 25 април, 2013, 10:00-12:00ч.

Број на учесниците: 10 лица

Позадината што го овозможи разговорот, чие тренирање беше цел на работилницата, се состоеше во разработувањето на неколку теоретски моменти во врска со 1. начинот на кој проблемот на дијалогот се претвори во еден еминентно философски проблем во 20тиот век, 2. трансценденталните услови за можноста на дијалогот како и 3. улогата на креативноста на прашањето за еден дијалог. Ова воведно претставување траеше 25 минути.

Двете петчлени групи разговараа на тема „Општествениот придонес на природните и хуманистичките науки“ врз основа на случај превземен од еден интернет-форум. Случајот се состоеше од вредносни ставови на научниците за областа во која работат како и за научните области во кои не работат. Задачите на учесниците се состоеја во артикулирање сопствени позиции спрема зададената тема, освестување на контекстите од кои се раѓаат тие позиции, како и формулирање на аргументи за нив. Оваа работа во групи траеше 35 минути.

Во рамки на пленумот (20 минути) групите ги претставија резултатите на групните дискусии, кои беа прокоментирани од аспект на тезите изнесени во воведот. Според нив основното признание на соговорникот и хоризонтот, од кој тој дискутира, како и отвореноста спрема она што се искажува во разговорот се нужни услови за дијалогот.

Целта на оваа работилница беше тренирање на дијалошките компетенции на студентите и нивно охрабрување за едно впуштање во разговори со пронаоѓање прашања и развивање свест за сопстениот влез во темите за кои се разговара.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846