Прес

OCLC - The World’s Libraries Connected

Понеделник, 25 Октомври 2010 00:00

На 22 октомври 2010 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа информативен семинар за OCLC - (The World’s Libraries Connected) во организација на Библиотеката и OCLC.

Целта на семинарот беше библиотекарите и библиотечните информатори да се запознаат со доменот и иницијативите на OCLC во Југо-источна Европа и да се дознае бенефитот што македонската библиотечна дејност може да го има од оваа соработка. Преку предавањата се запознавме со продуктите на OCLC, како и придобивката од приклучувањето во светскиот каталог WorldCat, најголемиот и најбогатиот онлајн извор на информации за откривање и доставување библиотечен материјал.

OCLC го преставуваа:

 

Ова беше прво претставување на светската организација OCLC – (Компјутерски библиотечен центар онлајн) во Македонија. Соработката продолжува и понатамошните активности ќе бидат договорени дополнително.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846