Прес

Договор за соработка меѓу Националните библиотеки на Република Македонија и Република Бугарија

Среда, 20 Јуни 2012 00:00

(20 јуни 2012 г.)

Директорите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Софија, Миле Бошески и проф. Борјана Христова, водени од определбата за проширување на постојните форми на културна размена и создавање нови поволни услови за непосредна соработка го продолжија постојниот договор за соработка за следните четири години во кои ќе се интензивира размената на публикации, ќе се организираат стручни престои или работни посети на експерти од областа на библиотекарството и информациските науки, како и ќе се работи на можноста за учество во заеднички проекти.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846