Со „Омаж за едно раѓање и едно умирање“ Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе ги одбележи јубилејните датуми, 90 години од раѓањето на Томе Арсовски и 15 години од смртта на Димитар Солев.
Манифестацијата ќе се одржи на 24. септември (понеделник) 2018 г., хол на НУБ.
Го очекуваме вашето присуство.
Поводот е 55 години од катастрофалниот земјотрес и обновата на градот. Со цел да се прикаже оваа несреќа, низ призмата на солидарноста, но и да се посведочи за културолошката визија на урбанистите, во холот на НУБ ќе бидат изложени:
- Оригинални фотографии
- Извадоци од урбанистичките елаборати
- Мапирање на културни објекти
Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ што ќе се одржи на 29 јуни, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи два заначајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неогвата смрт.
Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски. Присутните ќе го проследат музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.
Во оваа прилика се заблагодаруваме на колегите од Архивот на МАНУ кои ни ги позајмија оригиналните картички на Рацин, како и на Кинотека на Македонија, за копијата на филмот Бели мугри.
Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, на 29 јуни (петок) во 20. часот. Ве очекуваме!!!
30.05.2018 #КритичнаМаса го прослави својот 6ти роденден на платото пред НУБ, а во нашата галерија е поставена изложбата од сите 73 дизајни на оваа велосипедска иницијатива. #НаТочак
Изложбата на словачкиот автор Павол Демеш „По трагите на светите Кирил и Методиј“ ќе се одржи по повод 1155 годишнината од доаѓањето на Солунските браќа на територијата на Велика Моравија, односно кај предците на Словаците и Чесите, исто така и по повод 25 годишнината од осамостојувањето на Република Словачка. Изложбата ќе се одржи во вторник на 22 мај 2018 година во 13:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.
Изложбата претставува фотографска биографија на Солунските браќа, заштитниците на Европа. Авторот на изложбата работеше три години. Станува збор за избор фотографии кој треба да покаже кои биле Кирил и Методиј, и воедно зошто се толку важни за словенските народи.
Изложбата опфаќа и споменици од најразлични земји, зачувани од времето на Св. Кирил и Методиј или пак ним им се посветени. Во колекцијата на фотографи спаѓа и фотографијата од Франтишек Муха, на која се прикажани иконите на Св. Климент и Св. Наум Охридски кои во 2014 година беа подарени од градот Охрид и положени на олтарот во црквата посветена на солунските браќа во Терхова, Република Словачка.
Павол Демеш (1956) е меѓународно признаен експерт за надворешна политика и граѓанско општество, живее во Братислава. Активно фотографира, неговите фотографии повеќе пати беа изложени и презентирани во Словачка, како и во странство.