Изложби

10 мај – 10 јуни 2011

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје има чест и задоволство да Ве информира дека новата патувачка изложба од Шведска, насловена Креативни жени -   пронајдоци и иновации од Шведска, ќе биде свечено отворена на 10 мај во 13 часот во новиот дел на Библиотеката.  Изложбата е креација/осмислена од Националниот музеј за наука и технологија во Стокхолм во соработка со Шведскиот институт. Фокусот на изложбата е женската креативност и иновативност и таа ги претставува главно патентираните пронајдоци како и некои помалку познати производи со кои може да се решат одредени проблеми на нов и поинаков начин. Изложбата дава акцент на најновите пронаоѓачи- жени од Шведска, нивните идеи, но и на некои историски модели. Опфатени се околу 40 експонати на изуми и пронајдоци – самите производи или тие прикажани преку филм.

Изложбата организирана од Гете-институт во соработка со Музејот за сликовници од Тројсдорф преку 13 репрезентативни позиции ни овозможува да се запознаеме со творештвото на значајни германски илустратори. Покрај меѓународно реномираните класичари, се претставуаат и помлади уметници чии дела ги отсликуваат најновите тенденции во германската илустрација на сликовници.

Изложбата поединечно ги претставува делата на следниве уметници: Јута Бауер, Ротраут Сузане Бернер, Надја Буде, Клаус Ензикат, Волф Ерлбрух, Џеки Глајх, Николаус Хајделбах, Зибиле Хајн, Јанош, Каролине Кер, Аксел Шефлер, Филип Вехтер и Катја Венер. Тринаесетте уметници беа поканети да изберат по пет илустрации од некоја од нивните сликовници и накратко да го образложат својот избор. На овој начин изложбата овозможува една навистина лична и непосредна средба со уметниците.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846