Во Промотивниот центар на Саемот на книгата, на 11-ти април 2014 г. (петок), во 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира „Средба со наградени македонски автори - добитници на меѓународни награди и признанија“.
Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје , на 9-ти април 2014 г. (среда), во 11 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книгата, ќе се одржи ексклузивниот книжевен настан: „Средба со наградени автори - добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија “.
По повод Светскиот ден на книгата, 23 април, во Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, понудени се две манифестации што се однесуваат на книгата.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје и Македонските електронски библиотеки – МЕБ (http://w3.nubsk.edu.mk), по повод престојот на г. Драган Николиќ во Република Македонија, претставник на EBSCO за југоисточна Европа (http://www.ebsco.com), организираат предавање „EBSCO Publishing – новини, пристап и пребарување”. Покрај наведените теми, во текот на предавањето, ќе биде промовиран најновиот производ на EBSCO Publishing – електронските книги (Е-BOOKS).
Плати еднаш добиј уште еднаш, бесплатно
Со резервирање на Голема конференциска сала за осум часа добивате уште едно, бесплатно користење, кое можете да го искористите сè до февруари 2015 година.
Центарот располага со удобна конференциска сала со капацитет до седумдесет и пет лица и мала сала со капацитет до дваесет и пет лица.