Изложби

Изложбата на словачкиот автор Павол Демеш „По трагите на светите Кирил и Методиј“ ќе се одржи по повод 1155 годишнината од доаѓањето на Солунските браќа на територијата на Велика Моравија, односно кај предците на Словаците и Чесите, исто така и по повод 25 годишнината од осамостојувањето на Република Словачка. Изложбата ќе се одржи во вторник на 22 мај 2018 година во 13:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.
Изложбата претставува фотографска биографија на Солунските браќа, заштитниците на Европа. Авторот на изложбата работеше три години. Станува збор за избор фотографии кој треба да покаже кои биле Кирил и Методиј, и воедно зошто се толку важни за словенските народи. 
Изложбата опфаќа и споменици од најразлични земји, зачувани од времето на Св. Кирил и Методиј или пак ним им се посветени. Во колекцијата на фотографи спаѓа и фотографијата од Франтишек Муха, на која се прикажани иконите на Св. Климент и Св. Наум Охридски кои во 2014 година беа подарени од градот Охрид и положени на олтарот во црквата посветена на солунските браќа во Терхова, Република Словачка.

Павол Демеш (1956) е меѓународно признаен експерт за надворешна политика и граѓанско општество, живее во Братислава. Активно фотографира, неговите фотографии повеќе пати беа изложени и презентирани во Словачка, како и во странство.

Објавено во Изложби

Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата „Инкунабили и постинкунабули на црногорските печатници на Ѓураѓ Црнојевиќ и Божидар и Виченцо Вуковиќ“ од фондовите на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, која ја организираме во рамки на манифестацијата Денови на црногорската култура во Република Македонија, а по повод 550 години од првата книжарница на Кара Трифун во Скопје.
Хол на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, 18. мај (петок) 2018 г. во 12. часот. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Објавено во Изложби

Образовен камп #INNO4EDU во НУБ

Сабота, 05 Мај 2018 13:14

Образовен камп #INNO4EDU во НУБ. Образовниот камп во соработка со УНИЦЕФ е шанса да дадете Ваш придонес во градењето на едно поквалитетно образование во Македонија, а воедно и да искусите еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање, мулти- дисциплинарност а воедно ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата. Кампот ќе трае 18 дена, а на 40те учесници ментори ќе им бидат 15 експерти. Пoвеќе инфо на www.educamp.mk

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846