Изложби

МЛАД СВЕТИКЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА ГЛАГОЛИЦАТА

Понеделник, 04 Декември 2017 08:12

На 23 ноември 2017 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, во рамки на проектот Млад Светиклиментов универзитет,   традиционално се одржа т.н. „Месец на ГЛАГОЛИЦАТА“. И оваа година активностите започнаа со креативната работилница „ГЛАГОЛИЦАТА - БУКВИТЕ КОИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД БУКВИ“, на која накратко беа образложени основите на овој сложен и повеќеслоен семиотички систем, со цел осознавање на фундаментите на нашата национална култура. На втората работилница „ФИЛИГРАНСКИ УКРАСНИ ПРЕДМЕТИ СО МОТИВИ ОД ГЛАГОЛИЧНОТО ПИСМО“ учесниците имаа можност да се запознаат со  филигранската техника на изработка на украсни предмети и накит, а потоа, инспирирани од сликовитите глаголски мотиви, директно да ја почувствуваат возбудата од изработката на сопствено парче накит од филигран.

            Во работилниците учествуваа ученици од четврта година во средното училиште  СЕПУГС „Арсени Јовков“ од Скопје со предметниот професор Розита Закева.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846