Изложби

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Четврток, 30 Ноември 2017 13:40

konferencijaНа 8 и 9 ноември 2017 г. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, беше домаќин на 6-та Конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа. На конференцијата присуствуваа директорите на националните библиотеки на Бугарија (доцент д-р Красимира Александрова), Србија (г. Ласло Блашковиќ), Црна Гора (г. Богиќ Ракочевиќ), Косово (Тефик Мехмети, заменик директор), Босна и Херцеговина (д-р Исмет Овчина), Хрватска (д-р Татијана Петриќ), Словенија (Мартина Розман-Салобир) и директорката на Националната библиотека на Македонија, Сенка Наумовска, како домаќин.

На работниот состанок, во пријатна атмосфера, директорите ги споделија актуелните проекти и добри практики во своите библиотеки, но и проблемите со кои се соочуваат и разменија искуства за одредени прашања. Меѓу другото, се дискутираше и за можностите за размена на дигитални објекти од библиотечни материјали кои се од еднакво културно-историско значење за земјите, за вклучување во заеднички проекти во рамки на Европската година на културното наследство 2018, како и други видови активности во смисла размена на искуства и знаење. Исто така, беа разменети информации за проектите на кои некои од библиотеките работат во моментот. На крај, беа донесени заклучоци за аплицирање во проекти на кои библиотеките ќе работат следната година.

По повод конференцијата на директорите, беше подготвена камерна изложба насловена „Пишувањето како ракотворење: словенски ракописи од 13 до 19 век “, на која беа претставени оригинални ракописи од  Археографската збирка во НУБ „Св. Климент Охридски“. На изложбата се обрати господин Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Република Македонија, кој ја поздрави средбата на директорите и го истакна значењето на библиотеките и културното наследство што се чува во нивните фондови. Оваа ексклузивна изложба имаа можност да јавидат и амбасодорите на САД,  Франција, Холандија и Босна и Херцеговина.

Настанот беше поддржан од Министерството за култура на РМ.

konferencija

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846