Изложби

Работна посета во Бугарија

Вторник, 28 Ноември 2017 16:09

Сенка Наумовска, в.д. директорката на Националнaта и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со работен тим составен од библиотекари и стручни лица, оствари посета на Националната и универзитетска библиотека „Св.св. Кирил и Методиј“ во Софија во рамки на проектот Размена на вештини и знаења поддржан од ЦЕНЛ (Conference of European National Libraries).

 

 

„Ние сме амбасадори на културата и преку нашите активности ги градиме мостовите меѓу двете земји“ - изјавија Сенка Наумовска и проф. Красимира Александрова, директорките на библиотеките на заедничката средба на која го  продолжија разговорот за заедничко партнерство во меѓународните програми што започна на „6. Kонференција на директори на национални библиотеки од Југоисточна Европа“, што се одржа во Скопје на 8 ноември. Покрај тоа, разменија идеи за следни заеднички активности во библиотечно-информациската дејност. Работниот тим, во согласност со програмата, имаше средби со колеги од соодветните служби каде што разменија вештини и добри практики особено во доменот на дигитализацијата.

Исто така, в.д. директорката Сенка Наумовска оствари работни и многу корисни средби со проф. д-р Стојан Денчев, ректор на Универзитетот за библитекарство и информациски технологии и со членовите на нивниот сенат како и со д-р Силвија Најденова, директор на Централната библиотека на Бугарската академија на науки во Софија.


 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846