Изложби

44. Годишно собрание на БЗМ

Среда, 15 Ноември 2017 13:37

Библиотекарското здружение на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Македонските е-библиотеки, во рамките на 44. Годишно собрание, организираат меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“, која ќе се одржи од 16 до 17 ноември 2017 г. во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Излагањата на конференцијата ќе бидат на следните теми:

  • мултикултурални библиотеки;
  • библиотеки и трансформација на општеството;
  • истражувања и нови трендови во библиотеките;
  • библиотеките и образованието;
  • библиотеките и медиумите;
  • современи библиотечно-информациски услуги и потенцијални корисници;
  • одговор на библиотеките и предизвиците на современите технологии;
  • библиотечните технологии и навиките на корисниците.

 Се очекува Конференцијата да ја отвори г. Владимир Лазовски, заменик- министер за култура на Република Македонија, а поздравни обраќања ќе упатат г-а Сенка Наумовска, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и г. Благој Николов, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија.

 АГЕНДА-на-44-то Годишно собрание на БЗМ 2017

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846