Изложби

Книги, правци и публика : од фондовите на Националната библиотека на Бугарија

Четврток, 09 Ноември 2017 17:43

На 9 ноември (четврток) во 14:00 часот во изложбениот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена патувачката изложба Книги, правци и публика : од фондовите на Националната библиотека на Бугарија, подготвена од одговорните на збирките „Ракописи и старопечатени книги“, „Ориентална збирка“ и Бугарски историски архив“ од бугарската библиотека.

Изложбата ја организираме во рамки на средбата на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа и како резултат на договорот за соработка потпишан меѓу двете библиотеки. 

По овој повод, во соработка со библиотекарите од  Националната библиотека „Св.св. Кирил и Методиј“ од Софија, Бугарија организиравме и работилница Основната функција на библиотекатабезбедно чување и заштита на кумулираното знаење на нацијата и на ракописното наследство, на која свои искуства споделија експерти од двете библиотекa.


 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846