Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Светскиот пожар

Вторник, 16 Септември 2014 17:42

На 19 септември (петок), во 12:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе биде отворена изложба на фотографии и плакати од Русиja и од други држави (Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja) кои ќе посведочат и ќе потсетат на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914-1918 г.).

Изложбата „Светскиот пожар“ со која се одбележуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна, нема за цел да го прикаже текот на војната од хронолошки, туку од емоционален аспект. Нејзината основна порака е „Светскиот пожар е лош за сите и во неговиот оган горат животи на луѓе и држави...“ На ист простор ќе се „соберат” тогашните спротивставени страни – државите на Тројниот сојуз и Антантата. Посетителите, исто така, ќе можат да проследат и руски документарен филм со англиски превод, кој е посветен на Првата светска војна.

Настанот е во организација на руската дијаспора во Македонија, а под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во РМ и Националната и универзитетска библиотека на Македонија, согласно досегашната, долгогодишна успешна соработка.

Изложбата беше подготвена во соработка со дипломатските претставништва на Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja. На отворањето се очекува присуство на дипломати од овие држави во Република Македонија.

На изложбата ќе се обратат д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Н.Е. Г. Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација, м-р Елена Сиљаноска, претседател на здружението на руски сонародници „Чајка“.


Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846