Одржувањето на оваа меѓународна патувачка изложба во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е резултат на потпишаниот протокол за соработка со Народната библиотека на Србија и истата претходно беше поставена во неколку европски држави.
Изложбата ќе ја отворат г. Миле Бошески, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ и г. Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура на Република Македонија, за изложбата ќе зборува г-ѓа Мирјана Станишиќ, една од авторките, а пригоден осврт кон ликот и делото на Десанка Максимовиќ ќе има проф. д-р Науме Радически од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од 9-ти до 25-ти октомври 2013 г., секој работен ден од 9:00 до 18:00 часот, а во сабота од 9:00 до 14:00 ч.