Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Агапит Печерскиј. За единство и другарство!

Петок, 10 Февруари 2012 11:58

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„ – Скопје на 16.02.2012 (четврток) ќе ја отвориме првата изложба оваа година.  Тоа е патувачка меѓународна изложба на фотографии насловена „Агапит Печерскиј. За единство и другарство!“, која ја организираме во соработка со Здружението на руските сонародници „Чајка“ (Руска читалница) и невладината организација Лагода од Киев, Украина.

Самата изложба претставува средба со прекрасниот свет на културата,  а исто така, тоа е единствена можност да се види ризницата на Киево–Печерската лавра што се наоѓа во главниот град на Украина – Киев, која претставува светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Посетителите на изложбата ќе имаат можност да слушнат за историската личност на Агапит Печерскиј кој е првиот лекар во Киевска Русија, монахот од 11-тиот век, чии мошти имаат чудотворно дејство и се чуваат во Ближните пештери на Киево-Печерската Лавра.

Фотоизложбата содржи материјали за портретот на Агапит Печерскиј и за феномените кои се поврзани со него од популарната писателка и сликарка Анастасија Нових.

Изложбата ги вклучува и најдобрите фотографии од Меѓународниот натпревар, насловен „АГАПЕ“, чија тематика е добрината и човечноста како вечни вредности во нашиот свет. Ќе имаме можност да ги видиме видео клиповите со социјална тематика,  кои беа претставени на Првиот меѓународен натпревар „Добрина си – Ти“, а и видео презентацијата на младинскиот театар „Лагода“ со несекојдневна театарска постановка на „Сказната за совеста“.

Во периодот од 12 до 18 февруари 2012 меѓународната фотоизложба „Агапит Печерскиј. За единство и другарство!„ покрај во Скопје, ќе се отвори и во Прага, Братислава, Банска Бистрица, Берлин, Кишинев, Минск, Москва, Омск, Ижевск, Таганрог, Волгоград, Киев, Лавов, Харков и Полтава.

Организатори на изложбата во Скопје се:

  • Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„ – Скопје;
  • Меѓународната невладина организација „Лагода„ (Киев);
  • Здружението на руски сонародници „Чајка“ („ Руска  читалница„).

Подетална информација на веб страната: www.lagoda.org

Адреси и телефони за контакт:
Елена Сиљаноска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 070 225263
Викторија Костоска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 075 378 023

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846