Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Словенски ракописи од Македонија од 13 до 19 век во Белгија

Среда, 24 Октомври 2012 00:00

 БЕНЧЕВСКО ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ СО МИНИЈАТУРИ, почеток на  XVI век, Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје, НУБ  Мс.167 Ексклузивна изложба на оригинални ракописни книги во Кралскиот музеј Мариемон (Musée royal de Mariemont) Изложбата содржи 39 ракописни книги од Македонија, од кои 31 од археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, како и од Државниот архив на Р.Македонија, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Охрид и во Битола, и од Историскиот архив во Охрид.

Оваа изложба е заеднички проект помеѓу Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, Кралскиот музеј Мариемон, Католичкиот универзитет во Лувен, Амбасадата на Р.Македонија во Брисел и Валонија Брисел Интернационал. Изложбата која се реализира во рамките на билатералната соработка помеѓу Македонија и Федерацијата Валонија Брисел е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и од белгиската страна. 

На свеченото отворање на 9 октомври во престижниот белгиски кралски музеј пред елитната публика, меѓу кои, претставници од културниот, политичкиот, дипломатскиот свет, библиофили, од Асоцијацијата на пријатели на Музејот, Mакедонци кои живеат во Белгија, како и новинари, се обратија г-ѓа Мари Сесил Брувие, директор за наука на Музејот, г. Шарл Етиен Лагас, генерален инспектор на Валонија Брисел Интернационал, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура на Р.Македонија и Н.Е. г. Лазар Еленовски, Амбасадор на РМ во Брисел, во присуство на Н.Е. г. Андреј Лепавцов, Амбасадор на Мисијата на РМ при ЕУ во Брисел. 

За изложбата партнерите подготвија водич на француски и англиски јазик со богата содржина: воведни текстови, фотографии и описи на ракописите каде е претставена илјада вековната писмена традиција во Македонија. 

Македонската делегација ја сочинуваа од Министерството за култура на Република Македонија д-р Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура и Ирина Димовска Шокаровска, државен советник за меѓународна соработка, Миле Бошески, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, д-р Михајло Георгиевски, специјалист за средновековна христијанска литература и комесар на изложбата, проф. д-р Илија Велев од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Никодиновска, координатор од македонска страна и преведувач и Љупчо Јованов информатичар, двајцата од НУБ. Одговорно лице за заштитата на ракописното наследство Зорица Јаковлеска Спировска, а во процесот на подготовката на изложбата учествуваше и Милош Линдро, како и други соработници од НУБ. 

Изложбата е подготвена заеднички со белгиските професори Herman Seldeslachts и Lambert Isebaert од Католичкиот универзитет во Лувен и со Isabelle Valloton, специјалист од Швајцарија, кои престојуваа во НУБ, го посетија градот Охрид и остварија средби со ректорот, декани, професори и студенти од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Musée royal de Mariemont
Etablissement scientifique de la Fédération Wallonie Bruxelles
Chaussée de Mariemont 100 – 7140 Morlanwelz
Tél : +32 (0) 64 21 21 93
Fax : +32 (0) 64 26 29 24
www.musee-mariemont.be

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846