Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, започнува со организирање серија настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.
Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ го организираме во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е насловен „Празникот на пролетта во кинеската книжевност“. Осврт за значењето на овој празник и за антологиските поетски творби инспирирани од него ќе има Игор Радев. Настанот ќе се одржи на 24.2.2016 г. (среда) со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Драги корисници,
Германската читалница во Скопје е библиотека партнер на Гете-Институт Солун.
Тука ќе најдете актуелни информации за Германија, нејзината култура, јазик и општество во печатените и аудио материјалите, како и ДВД и онлајн-понудите.
Ве молиме пополнетиот прашалник да го испратите на е-поштата на Германската читалница: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. АНКЕТА НА КОРИСНИЦИ (ЛИНК ДО ФОРМУЛАР-АНКЕТА), NUTZERUMFRAGE (ЛИНК ДО ФОРМУЛАР-АНКЕТА)
Со задоволство Ве покануваме да ја посетите изложбата КНИГИ ОД ФРАНЦУСКИ/ФРАНКОФОНСКИ АВТОРИ ПРЕВЕДЕНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД ФОНДОВИТЕ НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - Библиографски преглед.