Новости

Денови на хрватска книжевност во Македонија

Петок, 14 Ноември 2014 15:52

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје заедно со Националната и универзитетска библиотека од Загреб, организира Денови на хрватска книжевност во Македонија. Манифестацијата ќе се реализира на 20 и 21 ноември 2014 година, во просториите на НУБ - Скопје со следните активности: изложба на книги преведени од хрватски на македонски јазик во последните две децении, книжевна средба со тројца хрватски автори, трибина на тема „Современи македонско-хрватски книжевни релации и модели на пласман и афирмација на македонската и хрватската книжевност во други средини“, како и потпишување Договор за соработка меѓу двете библиотеки.

Со овој настан сакаме да иницираме меѓусебно приближување и запознавање на книжевностите на Македонија и Хрватска и со конкретна комуникација да се потврди и поддржи потребата за меѓусебно приближување, размена и превод на врвни книжевни дела и отворање нови можности за уште поголема културна соработка и комуникација.

На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат д-р Иван К. Заров и г-ѓа Дуња Саjтер-Шверко, директорите на двете национални библиотеки, додека извадоци од своите дела ќе читаат почитуваните гости од Хрватска, д-р Хелена Саблиќ-Томиќ, Бранко Чегец и Владимир Стојсављевиќ.


Покана

Плакат

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846