Новости

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Средба со наградени автори - добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија

Вторник, 08 Април 2014 10:42

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје , на 9-ти април 2014 г. (среда), во 11 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книгата, ќе се одржи ексклузивниот книжевен настан: „Средба со наградени автори - добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија “.

Книжевната средба е дел од програмата на Националната библиотека на Република Македонија за претставување и поширока афирмација на врвните достигнувања во македонската книжевност.

Присутните ќе ги поздрави директорот на Националната и универзитетска библиотека, д-р Иван К. Заров, а модератор ќе биде писателот Блаже Миневски. На книжевната средба е предвидено да учествуваат авторите Владимир Плавевски (Роман на годината), Ристо Ѓ. Јачев („Браќа Миладиновци“), Илхами Емин (Рациново признание), Братислав Ташковски („Ацо Шопов“), Владимир Мартиновски („Димитар Митрев“), Сашо Тасевски („Најчитан автор“) и Александар Кујунџиски („Ванчо Николески“), кои ќе прочитаат извадоци од наградените дела.

Писателот Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ , нема да биде во можност да присуствува на средбата заради престој во Русија, каде ќе му биде врачена меѓународната награда „Југра“.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846