ПОЕТСКО ПЛАДНЕ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА
На 21 март (четврток) Македонскиот ПЕН и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со манифестацијата Поетско пладне традиционално ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата. Свеченоста ќе се одржи точно напладне, во Националната и универзитетска библиотека.
Годинава, поетското слово од Македонија ќе го упати поетот Веле Смилевски, а свои стихови ќе читаат поетите Влада Урошевиќ, Гордана Михаилова Бошњаковска, Димитар Башевски, Тодор Чаловски, Ферид Мухиќ, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Иван Џепароски, Биба Исмаил, Владимир Мартиновски, Весна Ацевска, Олга Арбуљевска, Бранко Цветковски и други.