Дробен печат

Разгледница со железничка станица во Скопје од 19 век

Дробен печат

Што е дробен печат?

Дробен печат е генерички поим за разновиден библиографски неповрзан библиотечен материјал кој за потребите на обработката, чувањето и користењето, е обединет во група според некои заеднички елементи.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје го организирала вкупниот библиотечен материјал во Збирка дробен печат.

Селектирање


Критериуми:

  • масовност на слични/идентични (типски) публикации;
  • подготвителност (неконечност);
  • прирачност;
  • информативност/пропагандност;
  • ефемерност;
  • наменетост на ограничен број корисници (мал тираж);
  • формален изглед на печатениот материјал.
Дробен печат се:
  • адресари;
  • билтени;
  • брошури (без автор);
  • извештаи;
  • именици;
  • информативни публикации;
  • каталози;
  • летоци;
  • плакати;
  • програми и (планови);
  • патенти;
  • поштенски и таксени марки;
  • предлог-закони и други прописи;
  • проспекти;
  • разгледници;
  • рекламни материјали;
  • рото-романи;
  • стандарди;
  • фотографии
Значење

Содржините на дробниот печат се значајни за истражувачите и другите корисници заради својата примарност, изворност/оригиналност и документарност.

Комплетирање

Начелно, фондот на Збирката дробен печат е национален и се комплетира како задолжителен примерок.

Мал дел од него е странски и се комплетира како подарок или размена.

Обврска за доставување

Доставувањето дробен печат е работа од јавен интерес уредена со Законот за задолжителен примерок (Службен весник на РМ бр. 11/94)

Дробниот печат го доставуваат печатниците и издавачите до Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје во 5 примероци.

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846