Се изготвува од македонскиот задолжителен примерок, а двете свески ја опфаќаат целокупната едногодишна издавачка продукција примена во НУБ „Св. Климент Охридски“. Во неа се вклучуваат монографски публикации (книги) издадени од македонски издавачи, кои се печатени во Македонија и во странство, докторски дисертации одбранети на Универзитетите во Македонија, географски карти, музикалии - нотни записи, како и електронски публикации.
Библиографските единици во 1. серија – Монографски публикации се тематско-содржински подредени според стручните групи на УДК, а во рамките на групите азбучно. Вака структурирани библиографските единици го сочинуваат корпусот на библиографијата.
Оваа серија ги содржи следните регистри:
- регистар на автори (кирилица и латиница)
- предметен регистар
- регистар на наслови
- регистар на издавачи
- регистар на печатници
- регистар на ISBN броеви