Index translationum

Index translationum

Како посебен проект независен од Македонската тековна библиографија, во Библиографскиот центар од 1991 година континуирано се подготвува Библиографија на монографски публикации издадени во Република Македонија, кои се преведени од различни јазици на македонски, од македонски на кој било друг јазик, како и од еден на друг немакедонски јазик. Проектот се изработува според строги критериуми и претставува дел од глобалниот проект на УНЕСКО - „Светска библиографија на преводи“ (Index translationum). Информациите за овој проект се достапни на www.unesco.org/culture/xtrans.

УНЕСКО редовно доставува во НУБ „Св. Климент Охридски“ примерок од глобалниот проект Index translationum на ЦД-ром за соодветната година.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846