Статии и прилози

Статии и прилози

Опфаќа статии и прилози објавени во сериски публикации, како и во дел од монографски публикации (зборници од конгреси, симпозиуми, советувања и други стручни и научни собири, како и во мографски публикации кои содржат трудови од различни автори). Оваа серија има селективен карактер, при што селекцијата се врши на две нивоа. Првата селекција се врши при избор на наслови на сериски публикации како изворници, а втората при избор на статии и прилози од веќе селектираните изворници. Основни критериуми при селекцијата се нивната научна, стручна, популарна и уметничка вредност. Само публикуваните трудови кои се типизираат според овие вредносни критериуми се обработуваат во 2. серија – Статии и прилози.

Библиографските единици во 2. серија – Статии и прилози се тематско-содржински подредени според стручните групи на УДК, а во рамките на групите азбучно. Вака структурирани библиографските единици го сочинуваат корпусот на библиографијата.

Оваа серија ги содржи следните регистри:

  • регистар на автори (кирилица и латиница)
  • предметен регистар
  • регистар на библиографски извори (сериски публикации како изворници и монографски публикации како изворници)

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846