Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје
Што треба да знаете и да направите за да ги користите фондовите и услугите на Библиотеката
Обуки и стручна помош, стандарди и други документи за унапредување на вашата дејност
Откријте зошто вашите изданија треба да содржат CIP, ISBN, ISSN, ISMN, и други информации
Продажба на книги, Центар за конференци и студии, конзервација и реставрација на хартија и пергамент
На 25, 26 и 27 април 2013 година, од 12:00 до 16:00 часот во Германската читалница
Здружение Друштво за македонско-германско пријателство и соработка - Скопје организира работилница за превод на германски на книгата „Побрзај и почекај“ од универзитетскиот професор Владимир Мартиновски. Работилницата ќе се одржи од 25-ти до 27-ми април 2013 година во Германската читалница. Работилницата ќе ја води лектор Маријана Ѓорѓиева, и на неа ќе учествуваат студенти од катедрите за Превод и толкување и Германски јазик и книжевност.
Проектот е организиран од членовите на здружението Друштво за македонско-германско пријателство и соработка, Александра Спасеновска и Бојана Спировска, и подржан е од Гете - Институт Канцеларија за врски Скопје.